
Мурињо активира „бомба“ - го носи Бензема во Португалија!?
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо покажал голем интерес за услугите на поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и наскоро се очекува да имаат преговори.
Бензема влегува во последната година од договорот со Ал-Итихад, каде што заработува вистинско богатство, но наводно е расположен за враќање во Европа.
Како главен адут на Бенфика во преговорите се споменува Мурињо, кој има добри односи со искусниот напаѓач.