
ПСЖ нема да присуствува на доделувањето на „Златната топка“
Иако многумина помислија дека тоа е бојкот од парижаните, зашто наградата најверојатно би му припаднала на Ламин Јамал, сепак зад одлуката се крие друга причина.
Најавите за силно невреме вчера го одложија француското дерби меѓу Олимпик Марсеј и ПСЖ, па мечот беше презакажан за вечерва и поради тоа парижаните нема да се појават на церемонијата.
Според обложувалниците, но и прогнозерите, наградата се очекува да ја добие Осман Дембеле од ПСЖ, но некои веруваат дека Јамал ќе го крене престижниот пехар.