
Албанска химна ечи на официјален меч во македонска лига! (ВИДЕО)
Станува збор за натпревар помеѓу екипите на Палатика и Влазрими од Слатино кога од некоја причини домаќините ја интонираа химната на Албанија.
Ваквиот потег е кршаење на сите правила на Фудбалската федерација на Македонија од каде што би требало да има реакција и санкција за организаторите на натпреварот.
„Пред почетокот на натпреварот сите фудбалери се здружија и со гордост ја испеаја албанската химна, посебен момент кој покажа дека фудбалот не само спорт“, стои во дел од објавата на социјалните мрежи на екипата на Влазрими.