
Повеќе нема ништо да биде исто: Се „крчка“ промена на правилото за пенали!
Новото правило дефинитивно нема да им се допадне на многумина, но затоа голманите ќе бидат пресреќни доколку истото биде имплементирано.
„Ќе полудите од оваа промена. Накратко што би значела. Ако голманот одбрани удар, тогаш играта се запира и следи гол-аут“, кажа судискиот аналитичар.
Британски „Сан“ за оваа идеја пишуваше уште пред неколку месеци, а ова правило би можело да се тестира на Светското првенство (СП) во 2026 година.