Севилја го исмеваше Челси поради поразот на „Олд Трафорд“ (ФОТО)

Админот на социјалните мрежи на Севилја реши да направи шега на сметка на светскиот клупски шампион Челси поради поразот во дербито од Манчестер јунајтед со 1-2 на „Олд Трафорд“.

Новиот пораз на „сините“ ја продолжи црната серија на лондонскиот тим на „Театарот на соништата“ затоа што последната победа ја оствари во далечната 2013 година.

„Последна победа на Олд Трафорд: Севилја 2018, Челси 2013 (Ние не играме во Премиер лигата)“, објави админот на Севилја.