
Крај на 14-годишната агонија: Марсеј успеа да го победи ПСЖ на домашен терен (ВИДЕО)
Ова беше прва победа на тимот од Азурниот брег во најголемото француско дерби по 2011 година, а дојде во можеби најнеочекуван момент имајќи ги предвид проблемите со кои се соочува Марсеј од почетокот на оваа сезона. Од друга страна, ПСЖ силно ја почна сезоната, победи на сите досегашни натпревари и се очекуваше триумфалната серија да ја продолжи и вечерва.
Победничкиот гол се покажа дека е постигнат во петтата минута, а беше дело на Агуер. Француските статистичари пресметаа дека ниеднаш во последните 45 години, Марсеј не успеал толку рано да му даде гол на својот голем ривал.
Двете екипи имаа уште неколку шанси во останатиот дел од мечот, но до промена на резултатот не дојде. Како последица на тоа, сега четири екипи (Монако, ПСЖ, Лион и Стразбур) се на делба на првата позиција на табелата со по 12 бода.