„Лев Јашин“ во рацете на Џанлуиџи Донарума

Италијанскиот репрезентативец Џанлуиџи Донарума се израмни со рекордерот Емилијано Мартинез откако вечерва, вторпат во кариерата е прогласен за најдобар голман на доделувањето на Златната топка.

Веќе искусниот чувар на мрежата блескаше на голот на ПСЖ со кого ја освои тројната круна, вклучувајќи го и трофејот во Лигата на шампионите, прв и за него и за клубот. По завршувањето на минатата сезона, Донарума ги напушти „светците“ и се пресели во Манчестер Сити.

Во женска конкуренција, признанието ѝ припадна на англиската репрезентативка Хана Хемптон.