Јамал со свирежи дочекан во Париз (ВИДЕО)

Вечерва во Париз ќе биде доделена „Златната топка“, а еден од главните кандидати е тинејџерот од редовите на Барселона, Ламин Јамал.

Младиот фудбалер е главен конкурент на Осман Дембеле од Пари Сен Жермен кој зад себе имаше фантастична сезона и се очекува престижното признание вечерва да заврш кај некој од нив двајца.

Публиката во Париз асот на Барселона кој пристигна заедно со останатите членови на делегацијата на шпанскиот клуб го дочека со свирежи.