
Јамал веќе доби едно признание вечерва
Втора година по ред, тој е прогласен за најдобар млад фудбалер во светот и сигурно ќе си замине дома барем со признанието „Рејмон Копа“. Јамал е и прв фудбалер во историјата кој два пати е прогласен за најдобар млад играч во светот во изборот на Франс фудбал.
Негова конкуренција беа Кенан Јилдиз од Јувентус, Жоао Невес и Дезире Дуе од ПСЖ и Естевао од Челси.