Драма во Охрид: Египет со гол во последните секунди ја победи Македонија

Женската ракометна репрезентација во еден натпревар со голема борба и малку голови загуби од Египет со 18-19 во рамките од второто коло на турнирот „Трофеј Македонија“.

Натпреварот донесе борба и неизвесност, Македонија неколку пати  имаше предност од три гола разлика, но Египкќаните не се откажуваа и не дозволуваа нашите девојки да се „одлепат“:

Првото полувреме за жал беше обележана и со една тешка повреда на репрезентативка на Египет кој  незгодно згазна при обид  да пресече контра и се здоби со веројатно повреда на коленото. По првите 30 минути резултот беше изедначен (10-10).

 

Играта со малку голови продолжи и во вториот  дел, па така победникот се решаваше во последните минути. Македонија тогаш по подолго време поведе со гол на Кипријановска за 18-17, Eгипет потоа израмни, а Македонија го заврши натпреварот со играч помалку поради исклучувањето на Џатевска. 

Во таква ситуација избраничките на селекторот не издржаа и во последните секунди примивме гол од седмерец за прв пораз, по вчерашниот триумф над Тунис.