
Mирко Вучиниќ стана селектор!
Вучиниќ со Фудбалскиот сојуз потпиша договор до крајот на тековната година и ќе ја предводи Црна Гора во натпреварите со: Фарски Острови, Гибралтар и Хрватска во квалификациите, како и пријателската сребда со Лихтенштајн.
„Вучниќ е дел од репрезентацијата на Црна Гора од нејзиното основање, беше прв капитен и стрелец на првиот гол, подоцна по успешната играчка кариера ја започна и тренерската во стручниот штаб на националиот тим“, соопштија од Фудбалскиот сојуз на Црна Гора.
Со именувањето Вучиниќ стана осмиот селектор во историјата на репрезентацијата.