Два премиерлигаши имаат најголеми шанси да ја освојат ЛШ (ФОТО)

По комплетирање на првото коло во Лигата на шампиони (ЛШ) се појави и нова прогноза за тоа кој има најголеми шанси да го освои пехарот во елитното натпреварување на УЕФА.

Ливерпул и Арсенал се на делба на првата позиција и имаат најмногу шанси да го освојат трофејот, а по нив следи европскиот клупски шампион ПСЖ.

По нив следат шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид, а во топ-10 има место и за Манчестер сити, Баерн Минхен, Интер, Челси и Наполи.