Американски инвестициски фонд ќе го преземе Атлетико Мадрид!?

Шпанскиот гигант Атлетико Мадрид наскобо и можел да добие нов сопственик. Медиумите пишуваат дека американскиот инвестициски фонд „Аполо Глобал Менаџмент“ треба да стане мнозински акционер во клубот.

„Аполо“ управува со имот вреден над 800 милиони долари, а планира да почне и спортски инвестициски фонд од пет милијарди долари.

Засега не се откриваат повеќе детали, освен тоа дека новиот газда би требало да вложи многу пари на засилувања со цел да го врати Атлетико во борба за титулата во Ла Лига.

Фото: Facebook/Atlético de Madrid