Аморим доби ултиматум, има три меча за да си ја спаси работата!

Рубен Аморим не се прослави на кормилото на Манчестер јунајтед по доаѓањето во премиерлигашот, затоа што нема најдобри резултати, па поради тоа наскоро би можел да добие отказ.

Иако во медиумите се појави приказна дека Аморим сè уште е тренер зашто ќе добие голема отштета во случај на отказ, сепак Сер Џим Ретклиф не планира уште долго да го трпи португалскиот стратег.

Бизнисменот наводно разговарал со Аморим и притоа му дал рок од три натпревари, по кои повторно ќе седнат на маса и ќе донесат конечна одлука за иднината на тренерот.

Манчестер јунајтед во следните три дуели ќе се соочи против Челси, Брентфорд и Сандерленд.

Фото: Facebook/Manchester United