Мурињо од откази заработи 102 милиони евра, па Бенфика реши да се заштити!

Португалскиот тренер Жозе Мурињо се врати во Бенфика по долга пауза, а во јавност се појавија детали од неговиот договор со екипата.

Бенфика во договорот со Мурињо решила да вметне специјална клаузула со цел да не ја повтори грешката на останатите тимови кои ги тренираше Португалецот.

Во договорот меѓу двете страни има клаузула според која може да се прекине договорот од било која страна во период од 10 дена по завршување на сезоната.

Доколку соработката не тече по планот, Бенфика ќе избегне дополнителни трошоци со евентуално прекинување на договорот на Мурињо.

Мурињо во минатото добиваше големи отштети од клубовите кои ги тренираше, па така заработи вкупно 102 милиони евра.