Мареска: Татко ми работеше како рибар, тоа е тежок живот, а не тој на фудбалерите!

Тренерот на Челси, Енцо Мареска се налути на прес-конференцијата пред натпреварот против Манчестер јунајтед, откако доби прашање за Рахим Стерлинг и Аксел Дисаси, кои не се во неговите планови.

Стерлинг и Дисаси тренираат посебно од остатокот од тимот, па поради тоа еден новинар го праша дали тоа ќе влијае врз фудбалерите.

„Бев во слична ситуација како Рахим и Аксел. Не е најдобро чувство, но ситуацијата е таква во моментов. Татко ми има 75 години и 50 години работеше како рибар, од 2 до 10 часот наутро. Тоа е тежок живот, а не тој на фудбалерите“, кажа Мареска.

Двајцата фудбалери ова лето се поврзуваа со неколку екипи, меѓутоа на крајот не успеаја да најдат решение и останаа во Лондон.