
„Модриќ размислува поинаку од другите“
Многумина се сомневаа дека Милан прави вистински потег со ангажманот на ветеранот, но Модриќ засега игра многу важна улога во тимот.
Пофалби стигнаа и од легендата на Милан, Масимо Амброзини.
„Едноставноста со која игра фудбал, елеганцијата со која ја удира топката, кога тоа го гледаш, добиваш чувство дека се работи за играч кој размислува поинаку од другите, или барем размислува прв. Модриќ има аура на големина која го следи“, рече Амброзини.
„Голем фудбалер, секогаш е скромен, а тоа се гледа и на теренот бидејќи прави наједноставни работи како играч кој првпат облекол дрес. Многу го сака тоа што го прави и тоа го прави со страст, природност и едноставност“.