
Гарабаја по поразот од ПСЖ: Мора да бидеме горди на овој тим!
Тренерот на Пелистер, Рубен Гарабаја е задоволен од она што го виде од своите ракометари.
„Мора да бидеме горди на овој тим. Во соблекувалната видов лути и тажни лица. Овие момци веруваа во чудо. Овој меч е минато, сега мора да се насочиме кон следниот и да се бориме. Никогаш нема да ја губиме надежта на секој меч, тоа треба да биде нашата ДНК, секогаш да веруваме во нас. Го докажавме тоа и на овој меч“, рече Гарабаја.
Во недела Пелистер игра дерби со Алкалоид во Автокоманда, а следниот меч од Лигата на шампионите е на домашен терен на 24 септември против ГОГ.