Де Брујне го пречекаа како крал на „Итихад“, но одигра само 26 минути!

Фудбалерот на Наполи, Кевин Де Брујне имаше пријатен пречек на „Итихад“ каде што играше цела деценија за Манчестер сити, меѓутоа неговиот настап заврши неславно.

Де Брујне мораше да биде повлечен од игра по само 26 минути затоа што тренерот Антонио Конте реши да направи тактичка замена по црвениот картон на Ди Лоренцо.