Бојан Димовски остана во Србија, овојпат со перманентен договор!

Македонскиот репрезентативец, Бојан Димовски ќе продолжи да игра во најдобрата српска лига откако стави потпис на договор со ТСЦ Бачка Топола.

Димовски кој лани играше на позајмица во Паризан од Акрон Тољати, продолжи во Србија, но не во црно-белиот дрес, тој потпиша за ТСЦ Бачка Топола.

Левиот бек веќе има 20 настапи за македонската репрезентација. Тој три години помина во академијата на Вардар за кој дебитираше и во сениорска конкуренција. Потоа замина за Академија Пандев од каде направи трансфер во Акрон Тољати, па преку Партизан стигна до Бачка Топола.