
Ти-Џеј Шортс е хоспитализиран, ситуацијата е сериозна!
Ти-Џеј Шортс ова лето дојде во Панатинаикос од Париз како големо засилување, но ќе го пропушти првиот дел од подготовките за новата сезона.
Информациите од Грција велат дека македонскиот репрезентативец е хоспитализиран поради сериозна вирусна инфекција.
Не е познато за каква инфекција се работи, но се пишува дека ситуацијата е сериозна и тој нема да патува во Австралија.
Според грчките медиуми опоравувањето ќе трае подолго време.