Киксерот Онана повеќе ќе заработува во Трабзонспор отколку во Јунајтед!

И покрај сите киксови кои ги направи како голман на Манчестер јунајтед, Андре Онана не само што не губи од својата заработка, туку таа и му се зголемува.

Наскоро треба и официјално да биде потврден трансферот на Андре Онана во Трабзонспор.

Информациите велат дека тој во турскиот клуб ќе заработува повеќе отколку што добиваше во Манчестер јунајтед.

Тој ќе ја има истата плата како во Манчестер јунајтед, но ќе има плус бонуси и сума за самото потпишување на договорот.