
Договорен најлудиот пријателски натпревар - гостите ќе летаат над 20 часа!
Гибралтарците кои се на 152. позиција ќе бидат домаќини на натпреварот, а делегацијата на Нова Каледонија за овој натпревар ќе треба да патува дури 17.500 километри (над 20 часа лет) за да стигне на гостувањето.
Тие ќе треба да поминат низ дури девет временски зони од југоисточниот Пацифик до Гибралтар кој се наоѓа помеѓу Европа и Африка.
За Гибралтар ова ќе биде добра прилика и за победа, бидејќи немаат често прилика да играат против селекции послабо рангирани од нив.
Нова Каледонија е репрезентација која во 2004 година беше призната од ФИФА и се натпреварува под Фудбалскиот сојуз на Океанија каде што неодамна играше финале за пласман на Светското првенство. Во тоа финале беа поразени од Нов Зеланд со 3-0, меѓтоа ќе имаат и уште една шанса во плеј-офот.