Македонија закажа контролка во Скопје пред битката со Велс

Веднаш по завршувањето на септемврискиот циклус, Македонија закажа и пријателски натпревар кој ќе биде одигран во слободниот термин во ноември и тоа против селекцијата на Летонија

Македонија ќе има еден слободен термин во ноемврискиот циклус, па поради Милевски пред натпреварот со Велс ќе тестира со селекцијата на Летонија.

Натпреварот ќе биде одигран во Скопје на националната арена, а терминот дополнително треба да биде потврден.

Летонија не е непозната селекција за нас и се соочивме минатата година во Лигата на Нации и во двете средби славеше Македонија.

Инаку, натпреварот против Велс ќе биде во рамките од 10. и последно коло во мундијалските квалификации, а според сегашната ситуација на табелата може да биде и тоа како важен.

Македонија е првопласирана во групата со 11 бода, Белгија и Велс имаат по 10 со тоа што Белгијците се со натпревар помалуку. На последните две позиции се Казахстан (3) и Лихтенштајн (0).

Ќе потсетиме, Македонија и во овој циклус одигра еден пријателски натпревар со Саудиска Арабија во Чешка кој го загубивме со 2-1.