Битола се пофали со стадионот: „Петар Милошевски“ подготвен за спектаклот со Италија (ВИДЕО)

Младата македонска репрезентација на Македонија утре во Битола ќе ја пречека Италија во квалификациите за Европското првенство, а Општината вечерва покажа како изгледа стадионот „Петар Милошевски“ во пресрет на големиот спектакл.

По реновирањето и изградбата на новата трибина, стадионот во Битола има капацитет од нешто повеќе од 8,5 илјади места и нема сомнение дека утре ќе биде тотално исполнет. Со оглед на тоа што натпреварот се игра од 18:15, љубителите на фудбалот ќе имаат можност да видат како изгледа под светлото на рефлекторите.

Битола повеќе од три децении не била домаќин на некоја македонска репрезентација, па не е изненадување возбудата што владее кај секој жител на овој град.