
Газдите кои не се прославија во Гостивар си најдоа нов клуб на Малта!
Турскот бизнисмен сега го преземал раководењето на Санта Луција, клуб кој се натпреварува во Втората лига во Малта, освен тоа тој веќе си обезбедил и засилувања од Македонија и тоа од неговите поранешни клубови.
Андреј Кировски и Масаки Такахара кој го носеа дресот на Гостивар, како и напаѓачот Филип Петковски кој беше дел од Слога Виница.
Слично како и Гостивар, проект кој не доживеа успех, тие најавуваат силен тим кој за почеток ќе се бори за влез во Првата лига, а потоа и повеќе.
Времето ќе покаже дали ситуацијата ќе заврши слично како со Гостивар или пак на Малта ќе имаат повеќе успех.