„Нашиот“ Џикиќ и неговата чета ќе добијат богата парична награда за успесите на ЕП

Грузија успеа да ја шокира Франција со 80-70 во осминафиналето на Европското првенство (ЕП) во кошарка и за првпат да се пласира во четвртфинале, а успехот на поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ и неговата чета ќе добијат награда од 948.000 евра од Владата.

Премиерот на Грузија соопшти дека историскиот успех ќе биде награден со 948.000 евра, но тоа не е сè, затоа што се планира секоја следна победа да биде наградена со истата сума.

Грузија во четвртфиналето на Евробаскетот ќе се соочи против Финска в среда од 16 часот.

Фото: FIBA