Србија се мачеше со Летонија, а Пикси „пука“ од самодоверба - ги предизвика Англичаните!

Фудбалската репрезентација на Србија утре ја очекува натпревар против Англија во Белград, а во српскиот табор се полни со самодоверба пред овој дуел.

Во саботата Србија многу потешко од очекуваното дојде до победа над Летонија со 1-0, меѓутоа и покрај тоа Пикси верува дека неговите избраници на домашен терен можат да ја изненадат Англија и на прашањето дали може утре да победат покажа дека е верува во својот тим.

„Ќе одговорам со друго прашање, зошто да не победиме? Дали е забрането? Колку, што знам не е…тие имаат цел, ние имаме цел, па ќе биде борба. Не се плашам и не ме интересира кој е на спротивнаа страна, ќе го припремам натпреарот за она што сакам да го направиме. За да бидете добар тим мора да покажете, зрелост, дисциплина, многу трчање, борбеност и да играте во два правци, да се браните и да напаѓате. Припремата е нормална, ништо не се разликува, само во Рига имав чувство дека одам на натпревар без адреналин, ова е сосема нешто поинаку.

Во ред, вие сте Англија, ве почитуваме, но покажете на терен дека сте подобри. Тоа е разликата во она што го кажувате и што го покажувате на терен. Натпреварот во секој случај ќе биде отворен, ниту Англија доаѓа да се брани, ниту ние нема да се браниме во Белград. Ќе се браниме кога мораме, ќе напаѓаме кога можеме“, порача Пикси.

На табелата Србија по три кола има две победи и едно реми со кои со седум бода се наоѓа на втората позиција зад Англија. Натпреварот во Белград утре се игра во терминот од 20:45 часот.

Фото: Fudbalski savez Srbije/FB