
Тетекс немоќен во Штип, Брегалница со „шестка“ до три бода
Домаќините резултатот го отворија по половина час игра кога погоди Даниел Карчевски и тоа беше единствениот гол во првото полувреме.
Само што започна вториот дел Дарко Алексовски зголеми на 2-0, а во 58. минута Мисајловски го постигна единствениот гол за гостите од Тетово.
До крајот, Брегалница сепак не дозволи некаков пресвт и со головите на Тасев, Карчески, Хусеин Демири и Лука Бојџиев дојдоа до убедлив триумф.
Со оваа победа Брегалница по три кола дојде до седум бода колку што имаат уште Беласица, Кожуф и Шкендија Арачиново. Тетекс од друга страна остана во долниот дел на табелата на 13. позиција со три бода.