Ливаковиќ замина од Фенер и направи трансфер во Ла Лига!

Хрватскиот голман, Доминик Ливаковиќ оваа сезона ќе има нов предизвик, ќе го брани голот на Жирона.

Жирона и Фенербахче се договорија за едногодишна позајмица на Доминик Ливаковиќ.

Нов голман на Фенербахче треба да биде Едерсон од Манчестер Сити, па Ливаковиќ е пуштен на позајмица во Жирона.