
Шкендија Арачиново по пенали ја елиминира Каменица Саса од Купот
Каменица Саса прва постигна гол на мечот, и тоа во 59. минута кога во листата на стрелци се запиша Милош Спасовски, но потоа Шкендија Арачиново се врати во игра со погодокот на Бурхан Алији.
До крајот на регуларниот дел од мечот немаше голови, по што во пенал-рулетот Шкендија Арачиново беше поуспешна и славеше со 3-2.