Карагер воодушевен од Ливерпул: Сега ние сме „галактикоси“, се однесуваме како Реал

Три децении Ливерпул чекаше титула во англиското првенство, а потоа во период од пет години освои две, со тенденција да направи нова династија во островскиот фудбал.

Откако минатата недела доминантно дојде до трофејот, во текот на летото клубот од Енфилд потроши безмалку половина милијарда евра на засилувања, што не се случило во 133-годишната историја на Ливерпул. Легендарниот дефанзивец на „црвените“, Џејми Карагер е презадоволен од работата на менаџментот и го според Ливерпул со Реал.

„Енфилд сега потсетува на златниот период од 70. и 80. години на минатиот век кога Ливерпул беше најатрактивен и најитар клуб не само во Англија, туку во Европа. Со рекордот на Александер Исак, транформацијата на Ливерпул во 'галактикоси' на Премиер лигата е завршена. Ливерпул сега се однесува како Реал со Флорентино Перез, Барселона во својот златен период...“, ликува Карагер.

Со ваков преоден рок, за Ливерпул не останува ништо друго, освен да атакува на сите трофеи бидејќи се освен тоа ќе биде неуспех.