Грција немоќна без Јанис: БиХ направи големо изненадување на Евробаскетот

Босна и Херцеговина направи големо изненадување во четвртото коло на Евробаскетот и ја шокира ослабената Грција со 80-77, додека Израел славеше со 92-89 против Белгија.

Грција имаше подобар почеток на натпреварот и ја доби првата четвртина со 25-19, но репрезентацијата на БиХ се разигра во вторите 10 минути и на полувреме го презема водството (44-38).

БиХ продолжи да ја зголемува предноста и во вториот дел, па поведе со 66-52 на стартот на последната четвртина, по што следеше одлична серија на Грците кои ја намалија негативата на 74-79, меѓутоа немаа сила за пресврт.

Најефикасни во составот на БиХ беа Нуркиќ со 18 поени, 10 скокови и три асистенции, како и Роберсон со 18 поени, три скокови и две асистенции. На спротивната страна Слукас постигна 15 поени, четири скока и осум асистенции.

Израел во возбудлив меч против Белгија славеше со 98-89, а најдобар во триумфот беше Авдија со 22 поени, три скокови и четири асистенции.

Фото: FIBA