Струга се засили со нов голман - Иван Николоски!

Поранешниот македонски шампион Струга денеска промовираше уште едно засилување, а тоа е младиот и талентиран голман Иван Николоски.

Николоски досега во кариерата бранеше за Беласица, Силекс, Воска, Каменица Саса и албански Поградец.

Струга по четири одиграни кола има максимален број на бодови во Првата лига, односно 12 и се наоѓа на делба на првата позиција со Силекс.

Фото: Facebook/F.C. Struga