
Ристовски збесна на судиите во БиХ: Добродојдовте меѓу аматерите – да живее Тито (ФОТО)
Тој на социјалните мрежи саркастично напиша: „Добредојдовте во аматерската Премиер лига. Да живее Тито“. Поранешната ѕвезда на Динамо Загреб објавата брзо ја избриша, но казната, според најавите, сепак нема да ја избегне.
Сараево смета дека клучниот момент бил поништувањето на погодокот за 2-2, при што арбитрите процениле дека Млинарич играл со рака во акцијата. Дополнителни реакции предизвика и досудениот пенал, по прекршок направен токму од Ристовски. Иако револтот беше голем, тренерот на Сараево, Хусреф Мусемиќ, остана воздржан во своите изјави.
„Резултатот не ја отсликува вистинската слика на теренот. Мораме што побрзо да се исправиме, животот продолжува. Ќе ја анализираме утакмицата и ќе извлечеме поука“, изјави тој по натпреварот.