Toтнем станува кошмар за Пеп - ниту Реал Мадрид не го победувал повеќе!

Maнчестер сити денеска беше поразен од Тотнем во дербито на второто коло во Премиер лигат со 2-0, а овој пораз само уште еднаш потврди дека „петлите“ се екипа која воопшто не му одговара на Пеп Гвардиола.

Денешниот пораз за Гвардиола беше вкупно 10-ти од Тотнем, а исто толку има само уште од Ливерпул.

На листата потоа следат, Манчестер јунајтед со девет победи против шпанскиот стратег, а по осум триумфи имаат Челси и Реал Мадрид.

За „граѓаните“ поразот денеска беше прв во сезоната откако во првото коло отворија со убедлива победа над Вулвс со 4-0.

Фото: EPA PHOTO