Сити немоќен, Тотнем се радуваше во Манчестер! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер сити во второто коло од Премиер лигата го претрпеа првиот пораз во сезоната и тоа пред своите гледачи во дербито со Тотнем кој беше подобар со 0-2.

Избраниците на Томас Франк одиграа одличен натпревар и сосема заслужено освоија три бода на „Етихад“, а по две кола Тотнем освен што има шест бода е и без примен гол.

Резултатот во денешниот натпревар го отвори Бренан Џонсон во 35 минута по асистенцијата од Ришарлисон, додека во завршницата од првиот дел Палиња се погрижи за 2-0.

Во второто полувреме гледавме нешто помирна игра со помалку прилики за гол, па така лондонскиот клуб успешно ја зачува предноста.

Тотнем во следното коло на свој терен ќе игра против Брајтон, додека Манчестер сити ќе гостува на Брајтон.

 Фото: EPA/ADAM VAUGHAN