
Вардар загуби од Нексе во битката за трето место на турнирот во Охрид
Нексе водеше во голем дел од првото полувреме, па така по 15 минути резултатот беше 8-5 за хрватскиот тим, а „црвено-црните“ се разбудија во завршницата кога најпрво израмнија на 14-14, а на паузата заминаа со 15-16.
Израмнета беше борбата на паркетот и во второто полувреме, но хрватскиот тим успеа на крајот да слави со 28-26.
Најефикасен во победничкиот тим беше Барбиќ со шест голови, додека Марчињак запиша четири погодоци.