Пораз за Тен Хаг на дебито во Германија, Франкфурт ја наполни мрежата на Вердер (ВИДЕО)

Првото коло во германската Бундеслига ни донесе голем број возбудувања и голови, но и разочарување за Баер Леверкузен и тренерот Ерик Тен Хаг кој загуби на своето деби во елитниот шампионат, додека Ајнтрахт Франкфурт беше најефикасен и со 4-1 го распарчи Вердер Бремен.

Леверкузен имаше добар почеток на средбата и водство од шестата минута со голот на Конса, но радоста не траеше долго зашто Аслани во 25. минута стрелаше за 1-1.

Хофенхајм до пресврт и победа стигна на стартот на вториот дел, кога Лемперле во 52. минута го матира голманот на „фармацевтите“.

Франкфурт немаше милост за Вердер Бремен, па уште во првото полувреме го најави триумфот со головите на Узун и Бахоја. Овие двајца беа вклучени и во постигнување на третиот погодок, додека Њинмах стрелаше за 1-2 во 48. минута. Победата на Франкфурт ја потврди Кнауф со голот во 70. минута кога ги постави конечните 4-1.

Останати резултати:

Фрајбург – Аугсбург 1-3
Хајденхајм – Волфсбург 1-3
Унион Берлин – Штутгарт 2-1