
Неверојатно: Романски клуб ќе ја почне сезоната со минус 94 бодови!?
Клубот се натпреварува во третиот ранг на романскиот фудбал, а притоа доби казна од Фудбалскиот сојуз и ќе ја почне сезоната со минус 94 бодови, односно дефинитивно би испаднал во понизок ранг.
Причина се финансиските проблеми и неисплатени долгови кон поранешни тренери, како и други обврски кои не се решени.
Клубот има рок до 3 септември да ги подмири долговите, меѓутоа мала е веројатноста дека такво нешто ќе се случи.
Фото: facebook/Fotbal Club Universitatea 1948