Голеада на „Велодром“: Марсеј испука „петарда“ против Париз!

Олимпик Марсеј ја запиша првата победа во новата сезона во Лига 1, откако вечерва на „Велодром“ испука „петарда“ против ФК Париз (5-2) во второто коло од шампионатот.

Гринвуд во 18. минута од пенал прв ја затресе мрежата на гостите, а потоа погоди и Обамејанг за дополнително да го зголеми водството.

Надежта на Париз ја врати Кебал во 28. минута кога погоди за 1-2, додека Симон на стартот на вториот дел го израмни резултатот.

По двата гола на Париз се разбуди и Марсеј, кој во продолжение стрелаше преку Обамејанг, Хојбјерг и Ваз за конечни 5-2.

Фото: X/Olympique de Marseille