
Силекс ги скроти „лавовите“ во Кратово за трет триумф во Првата лига
Мигуел Пиреш донесе радост за домашната публика во 22. минута од натпреварот, но регуларноста на голот најпрво мораше да се провери од ВАР-собата поради потенцијалниот прекршок од страна на Мирчевски.
Мирчевски беше стрелец на вториот погодок за екипата од Кратово, а за конечни 3-0 погоди Матевски со што ѝ донесе нови три бодови во македонскиот шампионат.
Силекс во следното коло гостува кај Арсими, додека Македонија ЃП го пречекува Пелистер.