Арсенал го претстави Езе на 20 минути пред мечот со Лидс (ВИДЕО)

Крилниот англиски напаѓач Еберечи Езе е нов фудбалер на Арсенал, откако премиерлигашот го претстави на само 20 минути пред почетокот на средбата со Лидс во второто коло од шампионатот.

Езе доаѓа во Арсенал за сума од 68 милиони фунти, колку што се согласил гигантот од Лондон да му исплати на Кристал Палас.

Талентираниот фудбалер пред десетина дена беше на праг да потпише со Тотнем, но Арсенал се вмеша во последен момент во трката по повредата на Каи Хаверц.