Англиските судии пак се „главни“ - дали Кристал Палас е оштетен? (ВИДЕО)

На мечот меѓу Челси и Кристал Палас е донесена одлука која предизвика големи полемики на социјалните мрежи.

Езе постигна фантастичен гол од слободен удар, но погодокот му беше поништен. Судијата со помош на ВАР виде фаул во живиот ѕид.

Гуеи го оттурна Каиседо. Но многумина сметаат дека ова е чист дуел со снага, а не и фаул.