Манчестер јунајтед загуби од Арсенал, но и најави подобра сезона (ВИДЕО)

Maнчестер јунајтед со пораз ја започна новата сезона во Премиер лигата и тоа од Арсенал на свој терен со 0-1, но не може да се каже дека „црвените ѓаволи“ разочараа.

За разлика од најголем дел од претходните дерби натпревари во последните години кога Јунајтед беше целосно немоќен во натпреварите со најголемите ривали, денеска избраниците на Аморим прикажаа игра која може да биде најава за далеку подобра сезона.

Арсенал во сезоната влегува со најголеми амбиции, а до победата денеска на „Олд Трафорд“ стигна благодарение на голот на Калифиори во 13-та минута по еден корнер и лоша проценка на чуварот на мрежата на „ѓаволите“, Бејиндир.

Во продолжение од средбата домаќините имаа многу повеќе од играта создадоа и неколку добри прилики, Куња ја погоди стативата од голот на Раја. Мбуемо констатно беше закана, се обидуваше и Бруно Фернандеш, а проблем за одбраната на „топџиите“ беше и Доргу Новото заасилување Бенјамин Шешко не се најде од првата минута на теренот и во игра во 65. минута на местото на Мејсон Маунт..

Манчестер јунајтед во следното коло ќе гостува на Фулам, додека Арсенал на свој терен ќе го пречека Лидс.

Фото: Arsenal FC/X