Аморим го провоцира Ѓокереш: Премиер лигата е сосема друго ниво!

Рубен Аморим и Виктор Ѓокереш заедно беа во Спортинг лисабон, а денеска во дербито меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал ќе бидат на спротивните страни.

Ѓокереш не сакаше да се пресели кај Аморим во Манчестер јунајтед, тој го одбра Арсенал велејќи дека топчиите биле единственото место каде што сакал да заврши летово.

Во пресрет на денешниот дуел, Аморим му порача на Ѓокереш дека Премиер лигата е друго ниво, иако го испофали напаѓачот.

„Премиер лигата е сосема поинаква лига. Физичката игра е комплетно различна. Виктор е врвен играч и и ќе донесе квалитет во Арсенал, но пред него е голем предизвик бидејќи интензитетот во Премиер лигата е поинаков“, рече Аморим.

Но, на Ѓокереш му е познат англискиот фудбал. Тој беше дел од академијата на Брајтон од каде што замина во Чемпионшип каде го носеше дресот на Ковентри. Токму со игрите во овој клуб му фати око на Спортинг кој го ангажираше.

На дербито ќе има и интересен напаѓачки дуел, Ѓокереш - Шешко. Двајцата најизвикани напаѓачи во преодниот рок.