Ришарлисон потсети на мајсторијата со која ги расплака Србите (ВИДЕО)

Попладнево во Премиер лигата нема многу погодоци, но овој што го постигна Ришарлисон за водство на Тотнем од 2-0 веројатно ќе биде и најдобриот во првото коло.

Бразилецот уште еднаш покажа дека „ножичките“ се негова специјалност, па по нафрлувањето на Кудус на атрактивен начин ја смести топката во мрежата на Барнли.

Со овој гол Ришарлисон потсети погодокот кој го постигна за Бразил во натпреварот против Србија на Светското првенство пред три години со тоа што тогаш успеа претходно и да ја прими топката.