
Пелистер ги изненади навивачите – ќе се продава специјален, роденденски дрес! (ФОТО)
Дресот на битолската гордост разбирливо ќе биде во традиционалните бои бела и зелена. На ракавот на десната страна ќе стои логото на општината, а на предната страна логото на спонзорот и клубот. Помеѓу нив ќе биде испишана и бројката 80 во која уште еднаш ќе биде додадено логото на клубот.
Исто така на задната страна ќе стои и логото на „Чкембари“. Во продажба дресот ќе пуштен идната недела во вторник (19.08).