Ѓорческа ја прегази првата носителка за уште едно финале!

Македонската најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа одигра одличен меч на турнирот во Куршумлиска Бања и во полуфиналето ја прегази првата носителка во два сета (2-0) за време од еден час и 14 минути игра.

Тенисерката од Кипар, Ралука Георгијана Сербан, немаше никакви шанси против Ѓорческа која денеска комплетно доминираше и сосема заслужено обезбеди финале. Двата сета Ѓорчека ги доби со по 6-2.

Почетокот на мечот не најавуваше доминација на Ѓорческа бидејќи, македонската претставничка во третиот гем го изгуби својот сервис и Сербан поведе со 2-1. Но во продолжение сетот помина во знакот на Ѓорлеска која со пет гема поведе со 1-0.

Слично беше и во последниот, со тоа што Ѓорческа уште веднаш поведе со 0-3, а потоа сепак повторно изгуби два гема што беше доволно за место во финалето.

Во финалето Ѓорческа ќе игра против 18-годишната Србинка, Теодора Костовиќ која е рангирана на 321. првата позиција на ВТА листата. За Ѓорческа ова ќе биде второ финале во Куршумлиска бања во само една недела.