
Кадетската репрезентација го освои 16. место
Во последниот меч, нашите млади кошаркари загубија од Велика Британија со 76-88 и финишираа со само една победа и дури седум порази. Одлучувачка се покажа првата четвртина која Британците ја добија со 26-16, додека во останатите три периоди репрезентациите беа рамноправни.
Македонската репрезентација се наоѓаше во водство само во воведните минути, најмногу со пет разлика (8-3), а се останато помина во знакот на Британците. Највисоката предност на противникот изнесуваше 16 разлика (47-31).
Дион Шабани со 23 поени беше најефикасен во нашиот тим, Илиев додааде 13, а Беговски 11 поени.